На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 163 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 10 казни, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени биле и 11 казни за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.