Утрински Весник
Македонија

(Видео) Приведено едно лице за поврзаност со заканите за бомби во училиштата во Скопје

(Видео) Приведено едно лице за поврзаност со заканите за бомби во училиштата во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот.

dobivaj vesti na viber

„ Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Најнапред околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ соопшти МВР.

Можете да прочитате

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала

ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири