Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси ги игнорира повиците од Барселона

Меси ги игнорира повиците од Барселона
Img 7972

Лионел Меси изгледа не е сака да се врати на „Камп ноу“. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е подготвена да го врати Меси во клубот, но проблемот е во репрезентативецот на Аргентина.

dobivaj vesti na viber

Водечкиот каталонски спортски медиум „Спорт“ пренесува дека Меси постојано ги игнорира повиците на претседателот на Барселона Џоан Лапорта.

За разлика од минатата сезона кога имаше криза во ПСЖ, Аргентинецот оваа година блеска на „Паркот на принцовите“ и нема причина да се врати во Шпанија.

Сезонава на 17 натпревари постигна 12 гола и забележа 13 асистенции.

Во последните денови се шпекулира дека по Светското првенство, тој би можел да потпише договор со Интер Мајами. Некои медиуми тврдат дека еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам, е убеден дека Меси ќе игра во неговиот тим.

Меси веќе поседува стан во Мајами вреден девет милиони долари поради што не се исклучува можноста да се пресели таму.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг