Утрински Весник
Свет

Песков за ситуацијата меѓу двете Кореи: „Ситуацијата е веќе доволно тешка“

Песков за ситуацијата меѓу двете Кореи: „Ситуацијата е веќе доволно тешка“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги повика властите на двете Кореи, како и другите инволвирани страни, да се воздржат од дополнителни провокации.

dobivaj vesti na viber

Коментирајќи ги последните инциденти во близина на демаркационата линија меѓу Северна и Јужна Кореја, Песков рече дека ситуацијата е веќе доволно тешка и дека не треба да се влошува, пренесува РИА Новости.

На прашањето за потенцијалниот напад на Иран врз Саудиска Арабија, Песков рече дека Русија нема такво знаење, ниту е јасно од каде доаѓа.

Околу одлуката на Варшава да подигне бариера на границата со регионот Калининград, Песков одговори дека тоа е внатрешно прашање на Полска и дека треба да се обратат до нивните власти.

Можете да прочитате

Македонец уапсен на железничка станица во Виена – баран за напад со нож при зделка со дрога

Ерупцијата на Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија

Гренланд го запира нафтениот проект на Трамп