Утрински Весник
Свет

Макрон: Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја преброди зимата

Макрон: Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја преброди зимата

Францускиот претседател Емануел Макрон по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Франција ќе ѝ помогне на Украина да ја надмине зимата, како и да ја поправи енергетската и водна инфраструктура оштетена од руските напади.

dobivaj vesti na viber

Франција исто така најави дека ќе учествува во зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана, пренесува „Ројтерс“.

Макрон и Зеленски се договорија да одржат меѓународна конференција во Париз на 13 декември за да им помогнат на украинските цивили во текот на зимата.

Францускиот лидер нагласи дека целта на билатералната конференција закажана за 12 декември ќе биде уште поголема поддршка на француските компании за Украина, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Зеленски: Му благодарам на Трамп за можноста да го заштити Киев за време на екстремната зима

Иран ја предупреди ЕУ: Одлуката за ИРГЦ како терористичка организација ќе има последици

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела