Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Груби е зајдисонце кое е во неуспешен обид заоѓањето да му трае што подолго

Стојаноска: Груби е зајдисонце кое е во неуспешен обид заоѓањето да му трае што подолго

„Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чиј што тој лидер е еден од првите најкорумпирани“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги ставовите на Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту пак да говори за европски вредности.

„Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука се уште се едни двајца пратеници кои што во 2018-та не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци кои што тогаш ги имале. Така да ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности“, нагласи пратеничката.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина