Утрински Весник
Магазин

Имате проширени вени? Овие совети се за вас!

Имате проширени вени? Овие совети се за вас!

Проширените вени се проблем кој измачува огромен дел од популацијата. За многумина овој проблем е од естетска природа, посебно кај женската популација, ја намалува самодовербата и често се прибегнува кон прикривање на нозете. Доколку не се третираат соодветно, проширените вени може да бидат и болни и да доведат до многу посериозни проблеми.

dobivaj vesti na viber

Постојат повеќе корисни совети главно поврзани со промени во животниот стил кои можат да помогнат да се спречи влошување на состојбата со проширените вени. Тоа се пред сè неколку едноставни чекори кои ќе го подобрат протокот на крвта во нозете.

1. Редовна физичка активност!

Мускулите на нозете се вашите најголеми сојузници. Зошто? Тие им помагаат на вените да ја туркаат крвта до срцето. Ова е многу корисно бидејќи мускулите работат против гравитацијата.

Редовната физичка активност овозможува подобра циркулација во нозете што помага во отстранување на насобраната крв во вените.

2. Намалување на телесната тежина!

Луѓето со прекумерна телесна тежина имаат поголем ризик за појава на проширени вени, па оттука многу е значјно да се направат соодветни промени во начинот на исхрана.

3. Избегнувајте да стоите или да седите подолго време!

Одредени професии се поврзани со седење или стоење подолго време, па треба да се има во предвид дека е потребно повремено движење. Се препорачува да се прават паузи на секој половина час и да се прават кратки движења. Ова ги принудува мускулите на нозете да ја движат крвта кон срцето повеќе отколку кога сте во седечка положба. Ако вашата работа бара да стоите долго време, обидете се да закажете слична пауза за да седнете некое време.

4. Не носете тесна облека!

Тесната облека може да изврши поголем притисок врз нозете, што може да ги влоши проширените вени. Потрудете се да носите покомотна гардероба.

5. Држете ги нозете подигнати!

Секогаш кога е возможно, држете ги нозете подигнати во висина на срцето или над него. На тој начин, го намалувате притисокот во вените на нозете, а гравитацијата овојпат ќе ви помогне крвта полесно да се врати до срцето. Со подигнување на нозете, можете веднаш да ја ублажите болката и да го намалите отокот.

6. Носете компресивни чорапи!

Еден од најефикасните начини за самолекување при оваа состојба се компресивните чорапи. Вршејќи притисок на нозете, односно стегајќи ги, компресивните чорапи помагаат вените и мускулите поефикасно да ја испумпуваат крвта ,,нагоре” кон срцето.

7. Практикувајте нежни масажи!

Секоја масажа е одлична за телото, но масажата на нозете има особено големи придобивки бидејќи релаксира, подмладува, го намалува отокот, ја зголемува циркулацијата, го подобрува сонот, ја подобрува функцијата на зглобовите и мускулите и го намалува крвниот притисок.

Со правилно масирање на нозете, ќе има подобрување на болката предизвикана од проширени вени. Сесиите за масажа можат да помогнат во намалување на едемот (оток) преку разни техники и да се истегне кожата околу нозете.

8. Користете ФЛЕБАВЕН!

Флебавен содржи микронизиран диосмин кој ефикасно ги ублажува симптомите, се зема перорално и се користи за да се запре прогресијата на хроничната венска болест и за да се спречат компликациите кои ги придружуваат нејзините први знаци и симптоми.

Микронизираниот диосмин е ефикасен веноактивен лек од природно потекло. Овој лек ги зајакнува и штити вените одвнатре, го подобрува венскиот тонус и ја подобрува микроциркулацијата во вените. Ја ублажува болката во нозете, го намалува чувството на тежина и оток во нозете.

Достапен е без рецепт во аптеките и може да се зема без консултација со лекар.

Ако имате изразени клинички знаци на хронична венска болест, особено на крајот од денот (на пр. оток на нозете, проширени вени, едем на нозете), треба да се консултирате со вашиот лекар. По консултација, вашиот лекар може да ве упати кај специјалист (флеболог, васкуларен хирург, трансфузиолог) за дополнителни испитувања.

За повеќе информации и податоци за ФЛЕБАВЕН прочитајте на следниот линк: https://www.flebaven.mk/

ПР

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста