Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Еурофарм Пелистер тренираше во Порто пред вториот европски предизвик (Фото)

Еурофарм Пелистер тренираше во Порто пред вториот европски предизвик (Фото)
Img 7972

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва тренираа во Порто во пресрет на утрешниот меч со Агуас Санташ во ЕХФ Европската лига. По поразот од Архус, од македонскиот тим се надеваат на добар меч и прв успех во европското натпреварување.

dobivaj vesti na viber

„После поразот од данскиот тим немавме многу време за подготовките, игравме во домашното првенство. Сепак, знаеме за каков противник се работи, гледавме видео-анализи, посветени сме максимално на двата тренизи во Битола и тука. Португалскиот тим на домашен терен игра агресивна одбрана, ќе биде потребно трпение во нападот, треба да одиграме паметно, без брзање. Со ладна глава влегуваме во мечот. Во првото коло и ние и тие запишаавме порази, па и двете страни ќе бараат победа, се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“, изјави Жарко Пешевски.

Мечот се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај