Утрински Весник
Македонија

Наумоски ги демантира обвинувањата за имотот: Уредно во законски рок е пријавена промената

Наумоски ги демантира обвинувањата за имотот: Уредно во законски рок е пријавена промената

Поранешниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски, ги демантира обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, за непријавениот имот.

dobivaj vesti na viber

„Уредно во законскиот рок е пријавена промената на мојот имот. Со продажба на постојно возило и купување старо возило со година на производство од 2010 година. 12 години старото возило ‘бмв Х5’ е луксуз? Дополнително укажувам дека антикорупциската комисија (ДКСК) во својата база ги нема ажурирано моите податоци од 2009 година како член на Советот на Град Скопје. Подолу во прилог е пријавата со промената уредно доставена.

Во оваа пригода би сакал да пријавам до ДПМНЕ дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години.

За четири години, во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод од 5 километри, фекалнa од 40 километри, паркинг од 7.700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на ‘Детелинка’ со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД-паметно осветление, го вративме старото корзо, изграден е кружен тек во Волково, ‘Јоаким Крчоски’, по 60 години, доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта, континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче…
Доградба на две училишта. И многу други проекти.

Постојните проекти со кои се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови, како фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, покривите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на крстот во Кучково и сите други општински проекти, без тие што ги прави Град Скопје.

Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добивка е само доказ за криење неспособност“, наведува Наумоски во неговата реакција.

Можете да прочитате

Археолози во Охридско езеро ја пронајдоа најстарата населба во Европа стара од 6000 до 8000 години (ВИДЕО)

Изгоре дел од црква во скопско, чадот предизвика сообраќајка кај автопатот Скопје-Куманово

Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола