Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петрушевски: Ковачевски и Владата не ја известуваат ДКСК за именуваните функционери, власта стои зад „Тајни имоти“

(Видео) Петрушевски: Ковачевски и Владата не ја известуваат ДКСК за именуваните функционери, власта стои зад „Тајни имоти“

Аферата „Тајни имоти“, во која се крие имот вреден над 30 милиони евра е директен производ на дезертерот Ковачевски. Ова го потврди и претседателката на ДКСК, која префрлајќи ја топката кон владата јавно обелодени се, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

dobivaj vesti na viber

„ Имено како што кажа Ивановска, владата не доставувала известување до ДКСК за ново именувани функционери, иако за тоа има обврска. Владата, а со тоа и Ковачевски се тие кои всушност овозможуваат да биде криен имотот. Но што се се крие?

Аферата „Тајни имоти“ опфаќа и поранешни градоначалници на СДС, кои катастрофално изгубија на локалните избори, а како награда од СДС добија нови функции0.

Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот.
Наумоски кој беше проследен со бројни афери додека беше на градоначалничкото место го крие својот имот. Што крие Наумоски? Тој на свое име нема евидентирано имот, но поседува луксузно теренско возило БМВ Х5?“ праша Петрушевски.

Тој додаде дека имот криел и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

„ ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот. По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста“ рече тој.

Според Петрушевски, овие функционери именувани од владата извршуваат одговорни функции, и располагаат со средства и менаџираат институции кои се од витално значење за функционирањето на државата. Но, како што рече, тие наместо за пример како треба да се работи, служат за пример, како не треба да се работи.

„ И наместо да бидат разрешени од позициите на кои се именувани, овие директори се заштитени од Ковачевски, кој ја префрла топката со ДКСК. Аферата „Тајни имоти“, во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира. За овие и за сите други незаконитости одговорност ќе има“ порача Петрушевски.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон