Утрински Весник
Спорт

Станковиќ го објасни необичното пријателство со Лукаку

Станковиќ го објасни необичното пријателство со Лукаку
Dik 300x250 mk

Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ се заблагодари на навивачите на Интер за топлото добредојде кое го доби вчера вечерта на „Сан Сиро“, пред неговиот тим да загуби со 3:0. Српскиот тренер првпат се врати во Милано како противник на „нераѕурите“ откако ја освои славната „триплета“ во 2010 година.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, тој беше соиграч на Симоне Инзаги во Лацио, така што вечерта беше посебна за него.

„Моето минато во Интер беше спектакуларно, така што им благодарам на навивачите. Во текот на мечот, немаше пријатели, туку само битка, но потоа моите мисли беа со фановите“, вели Станковиќ.

По крајот на мечот, многумина беа изненадени од посебниот момент кој Станковиќ го сподели со Ромелу Лукаку.

„Тој ги прифати моите деца, голманот Филип и Александар кои тренираа малку со сениорскиот тим. Имаше заштитничка улога кон него, им даде дресови. Тој има злаатно срце и му се заблагодарив за таа љубов која ја покажа кон моите деца“, открива Станковиќ.

Голманот Филип Станковиќ беше дел од академијата на Интер и во моментов е на позајмица во холандскиот Волендам, додека Александар уште е дел од Примавера тимот на Интер.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс