Утрински Весник
Свет

(Видео) Соборен светски рекорд: Најдолгиот патнички воз помина преку најспектакуларната пруга низ Алпите

(Видео) Соборен светски рекорд: Најдолгиот патнички воз помина преку најспектакуларната пруга низ Алпите

Швајцарската железничка компанија објави дека поставила светски рекорд – најдолгиот патнички воз поминал низ една од најспектакуларните линии низ Алпите.

dobivaj vesti na viber

Компанијата „Ретиjан реилвеј“ соопшти дека возот е долг дури 1,9 километри со 100 вагони и четири локомотиви на линијата Албула/Бернина од Преда до Бергин, пренесува Бета.

Таа пруга, впишана на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2008 година, минува низ 22 тунели, од кои некои се спирални, преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот вијадукт Ландвасер.

Патувањето по пругата долга 25 километри траел еден час.

Вљубениците во возовите се наредија за да го видат и овековечат патувањето со камера.

Директорот на железницата Ренато Фашати рече дека целта на поставувањето на рекордот е да се истакнат швајцарските инженерски подвизи и да се прослават 175 години швајцарски железници.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години