Рајо Ваљекано стигна до петтата победа во Ла Лига откако освои три бода на тешкото гостување во Андалузија. Столе Димитриевски и другарите славеа на гости кај Севилја со 0:1.
Македонскиот репрезентативен голман сочува мирна мрежа, а победничкиот гол го постигна Алваро Гарсија во 61.минута од мечот.
По овој триумф, Рајо Ваљекано се наоѓа на осмата позиција на табелата.