Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тренчевска: Заедно да ја подигнеме свеста на граѓаните и компаниите за важноста на Безбедноста и здравјето при работа

(Видео) Тренчевска: Заедно да ја подигнеме свеста на граѓаните и компаниите за важноста на Безбедноста и здравјето при работа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на настанот за подигање на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места реализиран по повод Европската недела на безбедност и здравје при работа во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа поддржан од Фондацијата „Фридтих Еберт“.

dobivaj vesti na viber

„Сметам дека безбедните работни места значат продуктивни и задоволни работници затоа заедно можеме да постигнеме да ги заштитиме работниците. Кога велам заедно, навистина мислам на сите нас овде, компаниите, организациите како и институциите кои ги претставуваме. Заедно да ги одржуваме работните места и работите процеси пред се здрави и безбедни за работниците“ рече Тренчевска.

Таа ја истакна важноста на заложбите на компаниите во ефикасното спроведување на законски утврдените мерки, права и обврски следејќи ги современите трендови, достигнувања, практики и искуства.

На настанот исто така беа доделени и Национални награди за компаниите со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

„И оваа година, согласно веќе воспоставената пракса се реализираше и се спроведе постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик. Изборот и годинава е во организација на Советот за БЗР, со силна поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во евалуацијата на компаниите“ истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека компаниите и покрај состојбите со кои се соочуваат изминатиот како што е пандемијата, економската и енергетската криза сепак ги останаа доследни на постојаното подобрување, унапредување и модернизирање на системите за БЗР.

Добитници на Националните награди за оваа година беа компаниите: Макстил – Скопје, Кнауф Радика – Дебар и Комфи Ангел – Прилеп.

На крајот од своето обраќање Тренчевска се заблагодари на компаниите за придонесот кон обезбедување на побезбедна и поздрава работна средина за сите работници.

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери