Утрински Весник
Македонија

Почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров

Почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров

На 78-годишна возраст денеска во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров. Инаку, тој е син на Кирo Глигоров, првиот претседател на Македонија, јавуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Глигоров додипломските и магистерските студии ги завршил во Белград, а докторирал во 1977 година на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, а од 1994 година работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Србија, Црна Гора и Македонија.

Во своето истражување тој бил особено заинтересиран за долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на „Oxford Analytics“, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal“ и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот