Утрински Весник
Македонија

„Милениумска патека“ по петти пат по падините на Сува Гора

„Милениумска патека“ по петти пат по падините на Сува Гора

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со Планинарскиот клуб Јелак и Македонската православна црква по петти јубилеен пат ќе ја одржи планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ поставена во 2018 година во чест на јубилејот 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.

dobivaj vesti na viber

Планинарската рута се одвива по лесна стаза прилагодена за различни возрасти, по падините на Сува Гора која изобилува со природни убавини и богато културно наследство сочинето од археолошки пронајдоци на ранохристијански базилики и средновековни цркви и манастири значајни за македонската културна и духовна ризница.

Секој кој сака да земе учество е добредојден и треба да се пријави во ПК Јелак, а повеќе детали може да се најдат на фејсбук.

Можете да прочитате

Судење за „Пулс“: Заврши сослушувањето на вештакот Русески за кој Обвинителството ја проблематизираше стручноста и кредибилитетот

Средба на ХОЏА со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој

Потрага по исчезнатото лице крај Вардар во Гостиварско