Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Унгарија не е тројански коњ на Путин, вели шефот на кабинет на Орбан

Унгарија не е тројански коњ на Путин, вели шефот на кабинет на Орбан
300x250 opst2

Шефот на кабинетот на премиерот на Унгарија, Ѓерѓ Ѓуљаш изјави дека Унгарија не е тројански коњ на рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„ Ваквите обвинувања се најлошата пропаганда“, вели Ѓуљаш во интервјуто објавено денеска за швајцарскиот неделник Die Weltvoche и посочи дека Унгарија ја осудува руската агресија врз Украина, како и сите други земји-членки на ЕУ, пренесува МТА.

Тој вели дека Унгарија започнала програма за помош за поддршка на 1,2 милиони украински бегалци и дека финансиски ја поддржува Украина, а ги поддржала и санкциите на ЕУ против Русија. „ Она што ѝ треба на заедницата се интелигентни санкции што ќе ѝ наштетат на Русија повеќе отколку на Европа“, рече Џулијас.

Тој додава и дека кој и да стои зад санкциите на Брисел против Русија е најдобар пријател на таа земја, бидејќи ЕУ со тие мерки не ѝ наштети на Москва, туку на самата себе.

„ Русија оваа година заработи двојно повеќе од енергетските производи отколку лани“, рече Ѓуљаш, додавајќи дека Западот со своите санкции придонесува за финансирање на руската агресија.

Тој повика што е можно поскоро да се одржи „европска дебата“ со цел да се договори обединета политика на ЕУ во однос на војната во Украина.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот