Утрински Весник
Спорт

Интер не ги планирале парите од осминфиналето на ЛШ за разлика од Барса

Интер не ги планирале парите од осминфиналето на ЛШ за разлика од Барса

Победата од 4:0 на Интер над Викторија Плзењ ги направи работите јасни во групата Ц во Лигата на шампиони – „нераѕурите“ заедно со Баерн Минхен влегуваат во нокаут фазата, додека Барселона, втора сезона по ред е „осудена“ на настап во Лига Европа.

dobivaj vesti na viber

Покрај спортските аспекти на овој резултат, влијанието на финансиите на Интер и на Барселона не можат да бидат потценети. Директорот на Интер, Бепе Марота, пред клучниот меч на „Сан Сиро“ призна дека во пресметките на буџетот на клубот воопшто не се земени во предвид можните средства за пласман во осминафиналето, посебно бидејќи беа во тешка група со Барселона и Баерн, велејќи дека се сметало на третото место и парите од Лига Европа.

„Да, тоа е вистина. Не знам што предвидуваа во Барселона, но проценката на нашиот буџет беше скромен. Секако, целта беше да се помине групата и вечерва ќе биде круна на квалификување во екстремно тешка група“, изјави Марота.

За Барса, ова е тежок удар за плановите на претседателот на клубот, Жоан Лапорта, кој во текот на летото и покрај критичната ситуација во финансиите на клубот, потроши речиси 200 милиони евра на засилуваа (Левандовски, Рафиња, Кунде…), активирајќи повеќе кризни мерки , како продажба на ТВ-правата и комерцијални права во иднина. Шпанските медиуми тврдат дека во пресметката за финансиската стабилност на Блауграна дефинитивно биле пресметани десетиците милиони евра бонус кои би ги добиле со пласман во нокаут фазата на елитното европско натпреварување.

Како ова ќе се одрази на иднината на каталонскиот клуб останува да се види, со проценка дека ќе мора да продадат некој играч веќе во јануари.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина