Утрински Весник
Свет

Британски фудбалски судија почина кога беше погоден со топка за време на натпревар

Британски фудбалски судија почина кога беше погоден со топка за време на натпревар

Фудбалскиот судија Мајкл Грант почина по удар од топка за време на натпревар, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

На 19 октомври Грант судеше на натпревар во средното училиште „Слифорд“ кога беше погоден од топка во глава.

Доживеал крвавење на мозокот и починал завчера во болница. „Целото фудбалско семејство изразува искрено сочувство до неговата сопруга, ќерката, внукот и до неговите многубројни пријатели“, соопшти Фудбалската асоцијација на Линколншир.

„Изгубивме многу почитуван судија, кој го работеше она што навистина го сакаше“, велат тие, пренесе „Индекс.хр“.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking