Утрински Весник
Свет

Ердоган: Терористите да не ја блокираат кандидатурата на Шведска во НАТО

Ердоган: Терористите да не ја блокираат кандидатурата на Шведска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со шведскиот премиер Улф Кристерсон на кого му пренел дека во заеднички интерес на двете земји е да се спречат терористичките организации да застанат на патот на нивните билатерални односи и кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај оваа година, по рускиот напад врз Украина, но Турција се спротивстави.

Анкара ги обвинува Шведска и Финска дека обезбедуваат засолниште за луѓето кои Турција ги смета за терористи, особено курдските милитанти обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година, потсетува Ројтерс.

Можете да прочитате

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина

Маѓар: Завршува четиригодишната вонредна состојба во Унгарија поврзана со војната во Украина

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца