Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Петровска: Припадниците на Армијата од ноември со зголемени плати

Петровска: Припадниците на Армијата од ноември со зголемени плати
300x250 opst2

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска, на Криволак, на одговор на новинарско прашање информира дека платите на сите припадници на Армијата, воен и цивилен персонал, од ноември ќе се зголемат над 2.000 денари и дека тоа било уште еднаш потврдено на вчерашната средба со четирите синдикати во Министерството и Армијата.

dobivaj vesti na viber

„Вчера, одржавме конструктивна среда со претставниците на сите четири синдикати, каде што уште еднаш застанавме на она што беше претходно договорено, а тоа е дека од 1 ноември ќе следува покачување на платите на сите припадници на Армијата и воени и цивилни лица за нешто над 2.000 денари“, рече министерката.

Министерката посочи дека имајќи го предвид местото на припадниците на Армијата во општеството, тие го заслужуваат ова покажување, а дијалогот за подобрување на армискиот стандард продолжува и во иднина.

„Изминатиот период се направи многу во однос на подобрувањето на условите за припадниците на Армијата, но тоа не значи дека треба да застанеме, напротив. за придонесот на припадниците на Армијата во општеството треба да биде и соодветно возвратено. Од тие причини дијалогот со сите четири синдикати ќе продолжи и во иднина, а мојата врата за нив секогаш е отворена“, порача министерката.

Можете да прочитате

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!

Гичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ