Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Нема казна за Хендерсон за спорниот момент со Габриел

Нема казна за Хендерсон за спорниот момент со Габриел
Img 7972

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, е ослободен од сите обвинувања од страна на Фудбалската асоцијација (ФА) за конфликтот со Габриел Магаљаеш при 2:3 поразот од Арсенал.

dobivaj vesti na viber

ФА официјално отвори истрага за ситуацијата што се случи во финишот на мечот на „Емиратите“ на 9 октомври кога Габриел реагира на наводен расистички коментар од Хендерсон, нешто што судијата Мајкл Оливер го запиша во својот записник. ФА ги испитала двајцата фудбалери, како и уште шест фудбалери што биле блиску до инцидентот, биле разгледани видеоснимките, а бил најден и читач на усни.

„Ниту еден од сведоците не го чул навониот коментар, а обвинетиот фудбалер постојано демантира дека го кжал тоа. ФА е целосно задоволна од исходот на инцидентот“, се вели во објавата на ФА.

ФА ќе ангажира читач на усни за да се открие што му кажал Хендерсон на Габриел

Можете да прочитате

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни