Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Протести во Иран по повод 40 дена од смртта на Махса Амини

Протести во Иран по повод 40 дена од смртта на Махса Амини
Img 7972

Десетици активисти се собраа денеска на гробот на Махса Амини за да одбележат 40 дена од нејзината смрт, извикувајќи ги паролите „Жени, живот, слобода“ и „Смрт за диктаторот“.

dobivaj vesti na viber

Протести се одржуваат и на Универзитетот во Техеран и други академски институции во земјата, пишува „Гардијан“.

Иранската полиција и безбедносните сили распоредија силни сили во Саќез, родниот град на Махса Амини, но и во Техеран, Табриз и Рашт, пренесува „Ројтерс“.

Активистите повикаа на демонстрации по повод 40 дена од смртта на девојката која почина на 16 септември во истражниот затвор на иранската полиција, каде што беше затворена поради „несоодветна облека“.

Смртта на Махса Амини предизвика масовни протести низ целата земја, а иранската полиција одговори со употреба на сила.

Организациите за човекови права велат дека најмалку 250 демонстранти се убиени, а илјадници од нив се уапсени.
Владата во Техеран ги обвинува САД и другите западни земји дека се вклучени во протестот.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот