Утрински Весник
Спорт

Гундоган има понуда од Баерн Минхен

Гундоган има понуда од Баерн Минхен

Илкај Гундоган ја одработува последната година од договорот со Манчестер сити. Како сега стојат работите репрезентативецот на Германија, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.

dobivaj vesti na viber

Неколку германски медиуми пишуваат дека Баерн размислува да го доведе Гундоган како слободен играч, со него Јулијан Нагелсман дополнително би го засилил средниот ред во кој се и Кимих, Горецка, Сабицер и Гравенберх.

Гундоган и претходно се поврзуваше со враќање во Бундеслигата, поточно во Баерн, но на „Етихад“ секогаш беше обврзан со силен договор.

Сега ситуацијата е поинаква и тој ќе избере каде ќе ја продолжи кариерата. Претходно се поврзуваше со Барселона, дури и преговараше со Каталонците. Оваа опција повеќе не е актуелна, бидејќи Барселона се реши да донесе помлад играч. Наводно тие веќе се договориле со Рубен Невеш од Вулверхемптон.

Гундоган конечната одлука ќе ја донесе дури по Мундијалот во Катар, во јануари ќе се стекне со право да преговара со други клубови, секако доколку претходно не потпише нов договор со Манчестер сити.

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа