Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Турска докторка приведена откако повикала на истрага за употреба на хемиско оружје

Турска докторка  приведена  откако повикала на истрага за употреба на хемиско оружје
Img 7972

Претседателката на турското лекарско здружение, Корур Финчанџи, е уапсена откако повикала на истрага за наводите дека турската армија користела хемиско оружје во битките против курдските милитанти во северен Ирак, објавија турските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Финчанџи, претседателка на лекарското здружение „Себнем“, беше обвинета за ширење „терористичка пропаганда“ како дел од истрагата што ја започна антитерористичката полиција, соопшти канцеларијата на главниот обвинител на Анкара.

Финчанџи беше претседателка на турската Фондација за човекови права, а како форензичар помина голем дел од својата кариера документирајќи тортура и малтретирање.

Турските медиуми јавија дека таа била приведена рано утринава во Истанбул, полицијата упаднала во нејзиниот дом, а потоа била однесена на сослушување во Анкара.

Турските власти минатата недела ги отфрлија тврдењата на курдските војници дека турската војска користела хемиско оружје против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак, инсистирајќи дека армијата нема такво оружје во својот инвентар.

Финканџи рече дека гледала видео на кое наводно се гледа употребата на хемиско оружје и повика на „ефикасна истрага“ за инцидентот.

Апсењето на форензичарката дојде еден ден откако полицијата изврши рација во неколку турски градови и уапси 11 новинари кои работеа во прокурдски медиумим, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства