Утрински Весник
Економија

Средба на гувернерката со амбасадорот Бомгартнер и раководителот на Регионалниот економски оддел

Средба на гувернерката со амбасадорот Бомгартнер и раководителот на Регионалниот економски оддел

Како мала и отворена, нашата економија е под влијание на притисоците од тековната глобална криза. Сепак, макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор се задржани, а здравиот банкарски сектор ја обезбедува потребната поддршка за фирмите и граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Народната банка постепено ја нормализира монетарната политика, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност.

За ова, меѓу другото, беше разговарано за време на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, новиот раководител на Регионалниот економски оддел при Амбасадата на Република Франција во Белград, Пјер Гранджуан и заменик-раководителката за Западен Балкан, Селин Ерише.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека заострувањето на геополитичките тензии на почетокот на годината доведе до изразени нагорни притисоци врз инфлацијата, но и притисоци на девизниот пазар поради растот на цените на енергентите и високата енергетска увозна зависност на економијата.

Во вакви околности, Народната банка, како и речиси сите централни банки во светот, започна со постепено зголемување на основната каматна стапка, како и со преземање целни мерки со цел да се поттикне штедењето во домашна валута и да се поттикне финансирањето проекти за обновливи извори на енергија. На средбата беше заклучено дека стабилноста на девизниот курс е успешно задржана, а девизните резерви се на претпандемичното ниво, обезбедувајќи поддршка за постојната стратегија.

Во однос на финансискиот сектор, неговата ликвидност и капитализираност беа издвоени како фактори на неговата отпорност и капацитет за обезбедување доволно кредитна поддршка. Сепак, со оглед на постојните ризици, повторно беше нагласена потребата за внимателно следење и во овој сегмент.

Неодамнешното воведување противцикличен слој на капиталот беше посочено како соодветна мерка, преку којашто и понатаму се јакне отпорноста на банките на шокови.

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ