Утрински Весник
Спорт

Замена за Бускетс доаѓа во Барселона веднаш по Мундијалот

Замена за Бускетс доаѓа во Барселона веднаш по Мундијалот

Барселона ќе купува во зимскиот преоден рок. Каталонските медиуми тврдат дека клубот во јануари ќе го реализира трансферот на Рубен Невеш. Португалецот ќе го замени Серхио Бускетс.

dobivaj vesti na viber

Според овие извори, менаџерот на Невеш, Жорж Мендеш, подолг период преговара со челниците на Барселона. Најверојатно фудбалерот првите шест месеци ќе биде позајмен во Барселона, а по завршувањето на сезоната клубот ќе мора да го откупи неговиот договор од Вулверхемптон за 50 милиони евра.

Рубен Невеш има 25 години, тоа е вистински момент за исчекор во кариерата, бидејќи за Волвс игра од 2017 година кога пристигна од Порто.

Сепак за да може да биде реализиран трансферот на Невеш, некој ќе мора да го напушти клубот. Се шпекулира дека тоа ќе биде Џерард Пике, а Бускетс клубот ќе го напушти по завршувањето на сезоната.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026