На Град Скопје му се случува хаос, јавните претпријатија се на раб на функционалност, а граѓаните не ги добиваат услугите навремено и квалитетно. Скопје за првпат остана без јавен превоз, се заканува нова криза, овој пат во ЈП „Водовод и канализација“, нема проекти, нема инвестиции, нема развој, соопшти СДСМ.
„ Вината за ваквиот хаос во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тој ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување. Тие УО се составени од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните и му приредуваат нова катастрофа на Градот Скопје“ се додава во соопштението.