Утрински Весник
Спорт

Челси во нокаут-фазата, Севилја убедлива

Челси во нокаут-фазата, Севилја убедлива

Челси го победи Салцбург на гости со 1:2 и на коло пред крајот на групната фаза обезбеди пласман во осмина-финалето од Лигата на шампионите. Лондонскиот тим има 10 бода по пет меча во групата Е, а Салцбург и натаму е второпласиран, но Динамо Загреб и Милан допрва ќе играат на „Максимир“.

dobivaj vesti na viber

Матео Ковачиќ во 23. минута постигна убав гол од работ на шеснаесетникот, а израмни Адаму на почетокот на вториот дел. Сепак, Каи Хаверц постигна прекрасен погодок во 64. минута и обезбеди триумф.

Севилја беше убедлива на домашен терен против Копенхаген и славеше со 3:0. Гостите се држеа еден час, а потоа Ел Несири обезбеди водство. Во финишот Иско и Гонзало Монтиел го зачинија триумфот со уште два гола.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија