Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Соработката со ОН придонесува за градење општество на слободни и рамноправни граѓани

Тренчевска: Соработката со ОН придонесува за градење општество на слободни и рамноправни граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, по покана на постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџијак, присуствуваше на одбележувањето на денот на Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

„Идејата на правдата, слободата и достоинствениот живот се основата на работата на нашата Влада и суштинска цел на рамката за соработка за одржлив развој помеѓу Северна Македонија и Обединетите нации“, рече Тренчевска на почетокот на своето обраќање.

Таа посочи дека заедничката цел на ова партнерство е трансформацијата на македонското општество во општество на солидарност и овозможување вистински можности за остварување на целосниот потенцијал на секој човек.

„Ја гарантираме целосната слобода на жените да носат одлуки за сопственото тело при одлуката за раѓање, поддршка за време на мајчинството, поддршка за згрижување на децата и квалитетно образование, олеснување на пристапот до пазарот на трудот, унапредување на работничките права преку социјален дијалог, креирање нови и подобри работни места и достоинство на трудот“, истакна Тренчевска.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Нови правила за пушење: Кафето со цигара само на тераса со посебен влез