Утрински Весник
Спорт

Емери: Понудата на Астон Вила не се одбиваше

Емери: Понудата на Астон Вила не се одбиваше
Dik 300x250 mk

Новиот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека понудата на англискиот клуб била премногу добра за да се одбие. Шпанецот, кој е поранешен менаџер на Арсенал, изненадувачки се откажа од функцијата тренер на Вилјареал за да го преземе клубот од Бирмингем. Тој ќе почне со работа на 1 ноември кога се очекува да ја добие работната виза.

dobivaj vesti na viber

Емери мина две години во Вилјареал, во првата ја освои Лига Европа со „жолтата подморница“, а во втората стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, според него, можноста да го наследи Стивен Џерард на „Вила парк“ не е за пропуштање.

„Оставам дел од срцето овде, но професијата ме влече“, изјави стратегот на последната прес-конференција како дел од Вилјареал.

„Морав да ја прифатам оваа понуда бидејќи тоа е поинаков проект и голем спортски предизвик. Тоа е лична и професионална одлука. На 24 години го напуштив домот и се посветив на професионалниот фудбал со сите негови последици“, објасни Емери.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата