Утрински Весник
Свет

Риши Сунак стана премиер на Велика Британија

Се колнам дека ќе ви служам со интегритет и понизност, рече идниот британски премиер Риши Сунак

Риши Сунак денеска официјално стана 57. премиер на Велика Британија. Кралот Чарлс денеска го покани да формира Влада.

dobivaj vesti na viber

Риши Сунак е третиот премиер што се пресели во Даунинг стрит 10 оваа година. Новиот премиер наскоро ќе одржи говор пред седиштето на владата во Даунинг стрит.

Сунак (42) е првиот британски премиер со азиско потекло и најмладиот премиер во повеќе од 200 години.

Тој вчера стана претседател на Конзервативната партија, откако Пени Мордоунт се повлече од трката, Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите