Утрински Весник
Спорт

Серена Вилијамс: Не сум во пензија

Серена Вилијамс: Не сум во пензија

Американската тенисерка Серена Вилијамс (41) најави дека ќе се врати на тениските терени.

dobivaj vesti na viber

Делуваше дека мечот против Ајла Томљановиќ во третото коло на Ју-ес опен ќе и биде последен во кариерата.

Сепак, Серена на конференција во Сан Франциско изјави дека не се пензионирала.

„Не сум во пензија. Големи се шансите дека ќе се вратам. Можете да дојдете кај мене дома, имам терен каде што играм секој ден”, изјави Вилијамс.

Таа дополнително објасни за што се работи.

„Повеќе размислував за транзиција. Можеби најдобриот збор е еволуција. Малку се оддалечив од тенисот за да се фокусирам на други работи што ми се важни. Сепак, никогаш не реков дека повеќе нема да играм конкурентен тенис“, додаде Серена.

Вилијамс во кариерата има освоено 23 Грен слем титули.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија