Утрински Весник
Магазин

(Видео) Тејлор Свифт урива рекорди со новиот албум

(Видео) Тејлор Свифт урива рекорди со новиот албум

Новиот албум на Тејлор Свифт, Midnights, го собори рекордот на „Спотифај“ за најмногу стримуван албум во еден ден.

dobivaj vesti na viber

Музичката ѕвезда го објави својот нов албум викендов, и, ѝ требаше помалку од еден ден да постави нов рекорд.

Свифт им се заблагодари на своите фанови што направиле нешто неверојатно, а музичката платформа го објави рекордот на својата официјална веб-страница.

„Дури и пред часовникот да отчука полноќ на 22 октомври, Тејлор Свифт го собори рекордот за најстримуван албум во еден ден во историјата на Spotify. Честитки, Тејлор Свифт13,“ стои во твитот на официјалниот профил.

Албумот содржи 13 песни, чии наслови претходно ги објави на „Тик-ток“. Излезе и спотот за песната Anti-Hero, кој за помалку од 24 часа собра повеќе од 14 милиони прегледи.

Тејлор го најави Midnights како приказна за 13 непроспиени ноќи во нејзиниот живот. Бројот 13 не е случаен. Таа со години во својата работа го истакнува бројот 13 како нејзин омилен број, кој за неа има посебно значење.

Ова е нејзин петти албум за помалку од две години.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста