Утрински Весник
Свет

Украински командант: Треба да бидеме загрижени поради заканата на Путин за употреба на нуклеарно оружје

Украински командант: Треба да бидеме загрижени поради заканата на Путин за употреба на нуклеарно оружје
Dik 300x250 mk

Командант на ​​копнените сили на Украина, генералот Олександр Сирски, во интервју за „ABC News“ изјави дека светот треба да биде загрижен поради заканата на рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје.

dobivaj vesti na viber

На крајот на минатиот месец Путин се закани дека Русија ќе прибегне кон употреба на нуклеарно оружје во војната против Украина, по серијата неуспеси на Москва на бојното поле, пишува медиумот.

„Ние сме и треба да бидеме загрижени. Во моментов мислам дека победуваме и покрај предизвиците на војната. Прво, Украинците ја добиваат психолошката битка. Имаме успех на бојното поле, но војната е тешка“, изјави командантот за „ABC News“.

„Немало војни од такви размери во Европа, ниту никаде во светот, од Втората светска војна. И ние разбираме дека оваа војна е за опстанок на нашиот народ и нашата земја и затоа мора да победиме“, вели Сирски.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците