Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Мојот англиски не е доволно добар за да опишам колку е моќен Халанд

Гвардиола: Мојот англиски не е доволно добар за да опишам колку е моќен Халанд

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во изјава за „ЕСПН“ не сакаше да ги коментира квалитетите на Ерлинг Халанд, но само затоа што не може да пронајде доволно добри зборови за да објасни за што се е подготвен Норвежанецот оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум Каталонец, па мојот англиски не е доволно добар за да го опишам. Но, верувајте, тој е фантастичен на секој тренинг, а натпреварите ги гледате и сите вие“, изјави Гвардиола.

Халанд постигна 17 гола на 11 натпревари во Премиерлигата. Сезонава постигна 22 гола на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Во саботата Манчестер Сити го победи Брајтон со 3:1 во 13. коло од Премиерлигата, а норвешкиот напаѓач постигна два гола на овој натпревар.

„Тоа беше еден од најтешките натпревари. Не сме навикнати на таква игра – речиси и да немаше простор. Многу ни е драго што ги освоивме бодовите, бидејќи мечот беше многу тежок. Играта на Ерлинг ни помогна да победиме, бидејќи нивото на кое игра и неговите амбиции се неверојатни“, изјави Гвардиола.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија