Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Не заслуживме пораз од Наполи

Мурињо: Не заслуживме пораз од Наполи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо остана разочаран по поразот од Наполи (0:1) на „Олимпико“. Натпреварот беше тактичко надмудрување меѓу него и Лучијано Спалети со малку шанси пред двата гола, а „специјалниот“ смета дека „наполитанците“ не заслужиле да си заминат со трите бода.

dobivaj vesti na viber

„Одигравме доволно добро за да не загубиме. Сакавме да победиме, но не како што го направија тоа – неколку шутеви, гол, и тоа е тоа. Беше тежок натпревар. Тие погодија од единствената сериозна можност во второто полувреме. Да не беа жолтите картони, Кристанте можеше да направи фаул и да го прекине контранападот. Морав да стартувам со Рик Карсдорп, кој не беше подготвен за 90 минути, а Пелегрини почувствува проблем со мускулот и побара да биде заменет. Го задржав на теренот колку што можев. Повреден е и Немања Матиќ, па нашите проблеми почнаа по 70. минута. Чувствувам неправда бидејќи моите играчи дадоа се од себе и не заслужија да загубат. Беше јасно дека кој и да даде гол ќе го добие натпреварот“, изјави Мурињо.

Наполи ја чува лидерската позиција во Серија А, додека Рома е на петтата позиција и заостанува седум бода.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија