Утрински Весник
Свет

Шојгу ги повика Париз, Анкара и Лондон: „Украина планира да не’ нападне со валкана бомба“

Шојгу ги повика Париз, Анкара и Лондон: „Украина планира да не’ нападне со валкана бомба“

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу телефонски разговарал со францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну и со турските и британските колеги Хулуси Акар и Бен Валас за конфликтот во Украина, соопшти руската војска. Тоа не се случило од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

dobivaj vesti na viber

Во разговорот со Лекорну, Шојгу рече дека ситуацијата во Украина „има тенденција на ескалација која нема да може да се контролира“, се вели во соопштението. Тој ја пренесе, како и на Акар и Валас, „својата загриженост за можните украински провокации преку употреба на „валкана бомба“, се додава.

Францускиот министер во својата изјава потврди дека разговарале за рускиот страв од „украински напад со валкана бомба на нивна територија за да се префрли вината на Русија“. Тој го потсети Лекорну дека „Франција отфрла каква било форма на ескалација, особено нуклеарна“ и ја истакна неговата решеност да „придонесе за мирно решение на конфликтот заедно со сојузниците“.

Во петокот Шојгу телефонски разговараше со неговиот американски колега Лојд Остин, по втор пат од почетокот на војната во Украина. Тие разговараа за ситуацијата во Украина, соопштија Москва и Вашингтон.

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ