Утрински Весник
Спорт

„Ќе немаше афера доколку ова му се случеше на некој од Америка“

„Ќе немаше афера доколку ова му се случеше на некој од Америка“

Поранешниот романски тенисер Илија Настасе смета дека Симона Халеп не била третирана како некои нејзини колешки.
Халеп беше суспендирана поради позитивен допинг тест на Ју-ес опен, по што најави дека ќе се бори вистината да излезе на виделина.

dobivaj vesti na viber

Настасе, поранешен број еден во машкиот тенис, откри шокантни детали за случајот Халеп.

„Не можам да ви кажам ништо конкретно бидејќи не ги знам деталите, само Симона може да зборува за тоа. Од друга страна, да беше Симона Халеп од Америка, ништо немаше да се објави. Апсолутно ништо”, изјави Настасе за „Плејспорт“ и продолжи:

„Благодарение на извори блиски до светскиот тенис, знам за случајот со двајца играчи за кои апсолутно ништо не беше објавено, иако нивните случаи беа многу слични на овој. Ако нивните имиња завршеа во медиумите, спонзорите буквално ќе заминеа дома следниот ден“.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ