Утрински Весник
Свет

Почина сопственикот на „Ред Бул“

Почина сопственикот на „Ред Бул“

Дитрих Матешиќ, сопственикот на Ред Бул, почина на 78-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Веќе некое време се шпекулираше дека Матешиќ боледува од тешка болест и дека неговото здравје не е најдобро.

Матершиќ е основач на Ред Бул, со кој влезе во светот на Формула 1 во последната деценија од минатиот век како спонзор на Заубер. Како основач на компанија за енергетски пијалоци во 1984 година, тој беше главната движечка сила зад влегувањето во светот на мотоспортот.

Во 2004 година, тој го купи тимот на Јагуар и го преименува во Ред Бул Рејсинг, за да стане светски шампион шест години подоцна со Себастијан Фетел како возач, а доминацијата на австрискиот тим продолжува до ден-денес.

Со Фетел четири пати ја освојуваше шампионската титула во конкуренција на возачи, но и во конкуренција на конструктори.

Покрај тоа, тој беше сопственик на фудбалските клубови Салцбург, Њујорк Ред Булс и Лајпциг, како и на хокеарскиот тим РБ Минхен.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет