Утрински Весник
Македонија

Во Скопје 206 сообраќајни прекршоци, 65 за брзо возење

Во Скопје 206 сообраќајни прекршоци, 65 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 14 санкции за возење без возачка дозвола, три за возач почетник.

Изречени се 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот и придонес кон посигурни патишта.

Можете да прочитате

Ученичко насилство со нож ја потресе Македонија – обвинителството отвори постапка

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка