Утрински Весник
Свет

Пукање во Луизијана: 11 лица ранети во близина на универзитет

Пукање во Луизијана: 11 лица ранети во близина на универзитет

Најмалку 11 лица се ранети во пукање што се случи во куќата на братството Капа Алфа Пси за време на прославата во близина на кампусот на Јужниот универзитет.

dobivaj vesti na viber

Ова го соопшти полицијата на Батон Руж и додаде дека две лица се во притвор.

Тие изјавија дека ранетите не претрпеле повреди опасни по живот, пренесе АП.

Двајцата уапсени мажи, идентификувани како Дерил Стенсбери (28) и Мајлс Мос (24), се соочуваат со 11 точки од обвинението за соучесништво во обид за убиство од прв степен и незаконска употреба на оружје, објавија американските медиуми.

Можете да прочитате

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите