Утрински Весник
Свет

Зеленски објасни под кои услови Украина ќе преговара со Русија

Зеленски објасни под кои услови Украина ќе преговара со Русија

Кога Русија ќе ги врати териториите во меѓународно признатите граници од 1991 година, тогаш Украина ќе каже во каков формат и со кого е подготвена да разговара. Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за канадските канали CTV и CBC, зборувајќи за условите под кои е подготвен да преговара со Русија.

dobivaj vesti na viber

Тој потсети дека откако Русија одржа референдуми за окупираните територии, Украина најави конечно прекинување на преговорите со актуелниот претседател.

„Референдумите станаа пресвртница во оваа историја. Тие можат да ни ја вратат нашата територија ако сакаат да преговараат. Тие мора да се повлечат од нашата територија и да ни ја остават нашата земја во меѓународно признатите граници од 1991 година. И тогаш ќе кажеме во каков формат и со кого сме подготвени да разговараме. Ова е фер. За да зборуваме, треба да се вратиме на моментот кога зборуваа нашите земји. А тоа беше пред војната – пред 2014 година“, рече Зеленски.

Според Зеленски, од тој момент можно е да се обиде да го реши прашањето по дипломатски пат.

Украина одби да води дипломатски разговори со Русија додека Владимир Путин е на власт. Ваквата одлука беше усвоена на седницата на Советот за национална безбедност.

Зеленски рече дека Русија уништила 30 отсто од електраните во земјата за осум дена. По ваквото воено злосторство, вели Зеленски, не останува простор за можност за преговори со режимот на Путин.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков