Утрински Весник
Спорт

Милан немаше милост за тимот на поранешниот газда Берлускони

Милан немаше милост за тимот на поранешниот газда Берлускони

Италијанскиот шампион Милан оствари убедлив триумф (4:1) против Монца на „Сан Сиро“ и се израмни бодовно со лидерот Наполи на врвот на табелата во Серија А со по 26 бода. „Росонерите“ немаа милост за тимот на поранешниот нивен сопственик Силвио Берлускони.

dobivaj vesti na viber

Брахим Дијаз ги постигна првите два гола за Милан, а третиот беше дело на Дивок Ориги. Монца намали на 3:1 со голот на Филипо Ранокија во 70.минута, а во финишот и Рафаел Леао се запиша во листата на стрелците.



Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина