Утрински Весник
Свет

Вучиќ во разговор со Борел за напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Вучиќ во разговор со Борел за напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска разговараше со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за ситуацијата на Косово.

dobivaj vesti na viber

„Отворен разговор со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, за ситуацијата на Косово и Метохија и напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Србија е посветена на продолжување на процесот и на решавање на сите отворени прашања“ – напиша Вучиќ на Твитер.

Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на Квинта и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Емануеле Жофре. Тие на Вучиќ му врачија заеднички документ во кој ја изразуваат својата загриженост за можното нарушување на стабилноста во регионот, пред истекот на рокот за пререгистрација на возила со српски регистарски таблички на Косово, соопшти кабинетот на српскиот претседател.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација