Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Агентката на Халанд ветува: Тој ќе биде првиот фудбалер од милијарда евра

Агентката на Халанд ветува: Тој ќе биде првиот фудбалер од милијарда евра
300x250 opst2

Рафаела Пимента, „наследничката“ на супер-агентот Мино Рајола, и застапничка на мега-ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд смета дека нејзиниот клиент ќе стане првиот фудбалер вреден милијарда евра.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Пеп Гвардиола го доби потписот на Норвежанецот за само 51 милион фунти кои ги исплатија на Борусија Дортмунд и тој врати со 20 гола досега, станувајќи еден од најпопуларните фудбалери на планетата. Пимента смета дека тој ќе ги сруши сите граници кога се работи за фудбалски трансфери.

„Колку вреди? Една милијарда. Тоа го сметам така што ако ја земете во предвид неговата фудбалска вредност, неговиот имиџ, неговиот потенцијал за спонзорство… Сигурно е една милијарда. Ако може да се споредува со некого, тогаш на денешниот пазар тоа би бил само Килијан Мбапе. Верувам дека Ерлинг ќе биде првиот фудбалер кој ќе оствари трансфер кој ќе биде блиску до милијарда евра“, вели Пимента за „Скај спортс Италија“.

Халанд имаше договор со Рајола пред неговата смрт во април, а сега е застапуван од бразилската адвокатка Пимента, како и сите други поранешни клиенти на Рајола, како Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ. Халанд, пак, има советник во неговиот татко, поранешниот фудбалер Алф-Инге.

Халанд има петгодишен договор со Сити, иако Алф-Ине изјави дека ќе остане во Англија „најмногу три или четири години“, пред да побара други предизвик. Според „Атлетик“ во договорот на Халанд има клаузула за раскин на договорот за 200 милиони евра која се акативира од 2024 година.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг