Утрински Весник
Свет

Екссоветник на Трамп осуден на 4 месеци затвор

Екссоветник на Трамп осуден на 4 месеци затвор

Екссоветникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Стив Банон, е осуден на четири месеци затвор и парична казна од 6.500 долари поради непочитување на Конгресот, јавува Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Судијата најави дека Банон нема да мора да одлежи затворска казна додека не се реши неговата жалба.

Банон има рок од 14 дена да поднесе жалба, а доколку не поднесе, има рок до 15 ноември да се пријави во затвор.

Тој беше осуден по четири точки за презир на Конгресот затоа што одби да сведочи пред Комисијата за инвазијата на Капитол на 6 јануари 2021 година, кога поддржувачите на Трамп одбија да ја признаат победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Можете да прочитате

Лавров: Велика Британија повеќе не треба да го користи називот Велика

Во Португалија приведени 37 неонацисти

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија