Утрински Весник
Македонија

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ да одговори за милионските долгови на ЈСП и плаќањето поскапо гориво

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ да одговори за милионските долгови на ЈСП и плаќањето поскапо гориво

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, Скопје првпат во историјата остана без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати, изјави на прес-конференција Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Скопјани очекуваат одговори и одговорност за катастрофата што се случува. За само една година, Јавното сообраќајно претпријатие направило долг од еден милион евра. Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс-договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари од редовната цена? Зошто мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој договор? Кого штитат на грбот на скопјани? Дали поради тоа што членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈСП се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ? Колапс на ЈСП, на огромни долгови, на задоцнети плати и прекин на јавниот превоз – тоа е резултат на неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска“, изјави Јанчева.

Како што додаде, токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја промовирале како кандидат и славеле заедно во белиот дворец.

Лично Мицкоски, вели Јанчева, во нејзино име најавуваше проекти и набавка на автобуси за Скопје.

 

Можете да прочитате

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК

Луксузни патувања, хотели и услуги- Ване Цветанов на удар на Обвинителството за корупција

Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Грција