Утрински Весник
Спорт

Дејли Мејл: Конте ќе го напушти Тотенхем

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Антонио Конте постојано ги одложува преговорите околу новиот договор со Тотенхем, а тоа е знак дека сака да го напушти клубот, пишува „Дејли Мејл“. Италијанскиот стручњак го направи истото во Јувентус и Интер, а сега исто се случува и во Тотенхем.

„Тоа е типичен пример за однесувањето на Конте, но тоа не значи дека тој нема да даде се од себе за Тотенхем до следното лето кога ќе му истече договорот. Конте сака да биде во големи клубови и ако не ги најде во странство, ќе се врати дома во Италија каде Јувентус го чека со раширени раце“, пишува „Дејли Мејл“ и продолжува:

„Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед го обожува Конте. Јувентус се наоѓа во голема криза и, иако претседателот Андреа Ањели е голем фан на Алегри, нема да биде тешко да се убеди го да го земе Конте кој е единствениот што може да го врати клубот на победничките патеки“.

Кога си замина од Јувентус, Конте не остана во најдобри односи со Ањели, но италијанскиот дописник на „Дејли Мејл“, тврди дека лесно би можеле да се помират доколку Конте изрази желба да се врати во Торино. Тој го водеше Јувентус од 2011 до 2014 година и освои три последователни титули во Серија А.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност