Утрински Весник
Спорт

Партизан го декласираше Виртус за прва евролигашка победа од 2014!

Партизан го декласираше Виртус за прва евролигашка победа од 2014!

Партизан ја прекина серијата со три порази при камбекот во Евролигата, откако на домашен терен го декласираа тимот на Виртус Болоња со 90:62, што беше прва победа на „црно-белите“ во европската елита од 4 април 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Мадар и Нанели постигнаа 18 поени во првото полувреме за да се напрви голема предност, која потоа беше недостижна за италијанскиот тим. Џејмс Нанели беше најдобар за тимот на Жељко Обрадовиќ со 20 поени, 4 скока и 4 асистенции, а Данило Анѓушиќ и Матијас Лесор имаа по 14 поени. За Виртус, Исмаел бако уфрли 11, а Кори Вимс имаше 10 поени. Двата тима сега имаат 1-3 скор по првите четири кола.

Во изненадувањето на вечерта, Жалгирис со 73:72 ја совлада Барселона во вистинска драма, откако Буткивечиус постигна тројка на 26 секунди пред крајот за 72:70 предност, а потоа Никола Калиниќ го утна последниот обид за тројка за победа на литванскиот клуб.

ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО
Жалгирис – Барселона 73:72
Фенербахче – Валенсија 79:77
Макаби Тел Авив – Асвел Лион 88:69
Баерн Минхен – Олимпија Милано 81:83
Партизан – Виртус Болоња 90:62

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026